СЕ ПРОДЛАБОЧУВА СОРАБОТКАТА МЕЃУ ШВЕДСКИОТ И МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ Димовска оствари средба со Сварц

Од Собранието потенцираат дека денешната средба меѓу генералната секретарка на Собранието на РСМ, Марина Димовска, и заменик-генералната секретарка на шведскиот Ригстаг, Кристина Сварц, претставува важен момент за продлабочување на соработката помеѓу двата парламента, со цел понатамошно јакнење на институционалниот капацитет на Собранието.

142

„За македонскиот законодавен дом, од особено значење се искуствата и добрите практики од шведскиот Ригсдаг, посебно во контекст на модернизација на Парламентот, дигитализација на процедурите и унапредување на транспарентноста и отчетноста во работата на Собранието“.

Ова го истакна генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, на денешната средба со заменик-генералната секретарка на шведскиот Ригсдаг, Кристина Сварц, во Стокхолм, Кралството Шведска.






Од Собранието потенцираат дека денешната средба меѓу Димовска и Сварц претставува важен момент за продлабочување на соработката помеѓу двата парламента, со цел понатамошно јакнење на институционалниот капацитет на Собранието.

– Важен аспект на соработката е интензивирање на размената на стручни искуства и воспоставување заеднички програми за обуки и тренинзи кои ќе бидат неопходни за унапредување на капацитетите на собраниската служба. Размената на овие искуства ќе биде од суштинска важност во процесот на усогласување со европските и со меѓународните стандарди и ќе придонесе за зголемување на ефикасноста на законодавната и надзорната улога на Собранието – велат од Собранието.

На средбата било истакнато значењето на родово сензитивните политики кои успешно се имплементираат во рамките на шведскиот Ригсдаг, поради што Димовска нагласила дека искуствата на шведскиот Парламент се од огромно значење за инкорпорирање на слични механизми во нашиот законодавен дом.

– Двете страни се согласија дека оваа средба е од особена важност за понатамошно зајакнување на дијалогот и соработката помеѓу двете институции, како и за утврдување на конкретни чекори во правец на унапредување на работата на законодавниот дом, во согласност со највисоките меѓународни стандарди, соопштуваат од Собранието.

Во пресрет на официјалната посета на Кралството Шведска, претседателот на Собранието на РСМ, Африм Гаши, се сретна со амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џеин.

Поврзани содржини
na