Се продава прекрасен приморски град напуштен пред 70 години, таму живеат само двајца ФОТО

789

Прекрасен град во Асвтралија на самиот брег, кој е напуштен пред 70 години, сега е понуден на продажба.

Станува збор за оддалечен град по име Косак на западот на Австралија, каде што луѓето живееле и работеле во индустријата за бисери, но со тек на време населението го напуштало градот и се иселувало во големите градови.






Индустријата базирана на собирање бисери довела до основање на градот во 1880-тите години, а во 1895 година имал повеќе од 1.000 работници и 57 бродови за лов на бисери.

Сепак, градот бил напуштен пред 70 години и сега има само двајца жители – Рис Остелрунд и неговата партнерка Шенон Ервин, кои имаат кафуле. Гости им се луѓето кои ги посетуваат околните планинарски патеки и плажите, како и луѓето кои доаѓаат за јавање коњи.

Градот е во сопственост на владата, но е понуден на продажба. Цената не е фиксна, затоа што владата сака да го понуди на оние кои се подготвени за развој на туризмот. Рокот за пријавување истекува на 20 ноември.

FOTO: Твитер

Поврзани содржини