СЕ ПРОДАВА ДЕЛ ОД ХРВАТСКИОТ „ОСТРОВ НА ЉУБОВТА“ Сопствениците бараат по 300 евра за квадратен метар

Вкупната површина на срцеликиот остров изнесува 142.000 квадратни метри и има плажа која се простира на 1,55 километри.

1,415

Галешњак, популарниот „остров на љубовта“ на каналот Пашман, наскоро би можел да има нови косопственици.

На оглас за продажба се повеќе од 3 хектари земјиште на островот сопственост на повеќе граѓани на Мрљан, а интересот за купување е голем. Меѓу заинтересираните се и неколку инвестициски фондови.






Сопствениците за земјиштето бараат по 300 евра за квадратен метар.

– Немам агенција за недвижности, само им помагам на сопствениците во продажбата. Станува збор за четири поврзани парцели на повеќе сопственици со вкупна површина од околу 32-33 илјади квадратни метри. На тоа земјиште има афион, а порано имало и маслинки. Сите сопственички документи се во ред и сопствениците се регистрирани. Сопствениците се од Мрљан на островот Пашман. Сопствениците на останатиот дел од островот не се заинтересирани да продаваат – Силвестро Кардум, претставник на продавачот.

Вкупната површина на срцеликиот остров изнесува 142.000 квадратни метри и има плажа која се простира на 1,55 километри.

 

 

Поврзани содржини