Цените на становите во Србија за време на првиот бран на епидемијата на коронавируси, во првата половина на оваа година, скокнаа за околу пет отсто во старите згради, нешто помалку во новите згради, додека луксузните недвижнини се продаваа најмногу, покажа анализата на Републичкиот геодетски завод (РГА), јавуваат српските медиуми.
– Просечната цена за територијата на Србија во првата половина на 2020 година за старите згради е 997 евра за метар квадратен, а за новите згради 1.337 евра за метар квадратен, додека во првата половина на 2019 година требаше да се издвојат 950 евра за квадрат во стари згради и 1.320 евра за нови згради. Кога станува збор за начинот на плаќање, становите во првата половина на 2020 година биле плаќани во готовина во 67 проценти од случаите, во споредба со 33 проценти платени од кредитни фондови – објави РГА.