СЕ ПРИДВИЖИ НАЈГОЛЕМИОТ ЛЕДЕН БРЕГ ВО СВЕТОТ Ќе плови по кобната патека по која за влакно се спасил истражувачот од бродот „Истрајност“

Она што е познато е дека сантата ќе се движи по истата патека по која познатиот истражувач Ернест Шеклтон бегал од ледените води на Антарктикот, откако претходно неговиот брод „Истрајност“ бил здробен во мразовите.

584

По повеќе од 30 години се придвижи најголемата стана мраз во светот, наречена А23а. Овој леден брег се отцепил од Јужниот Пол уште во 1986 година, а е двапати поголем од Лондон – има површина од речиси 4.000 квадратни километри. Самата плоча мраз е дебела 400 метри, што е повисоко од најголемиот облакодер во Европа, Лондон Шард, пишува Би-Би-Си.

– Прашав неколку колеги за ова и се думам дали има некаква можна промена на температурата на водата во плочите што би можела да го предизвика ова, но согласни сме дека ова беше изненадувачки настан – изјави д-р Ендрју Флеминг, експерт за далечинско мерење од Британското Антарктичко истражување.






Патеката по која струите ќе го исфрлат овој леден брег надвор од Антарктикот се вика „ледената уличка“. Брегот ќе плови некаде во Јужниот Атлантски Океан. Каде, не може со сигурност да се предвиди.

Она што е познато е дека сантата ќе се движи по истата патека по која познатиот истражувач Ернест Шеклтон бегал од ледените води на Антарктикот, откако претходно неговиот брод „Истрајност“ бил здробен во мразовите.

Шеклтон го насочил чамецот кон островот Јужна Џорџија. Околу самиот остров и денес можат да се видат ледени брегови, но тие често и се топат.

Овојпат, големата санта мраз може да направи друг проблем – илјадниците фоки кои живеат на островот, заедно со пингвините и морските птици нема да можат да стигнат до својата храна како што

Во сета оваа напната ситуација за научниците има и една добра вест. Ледените брегови, кога се топат ослободуваат таканаречена минерална прашина во која има хранливи огранизми токму за животните кои живеат во океанот.

– Овие ледени брегови се животворни се животврони на многу начини. Тие прават да има многу биолошка раздвиженост. Јас се идентификувам со брегот, тој отсекогаш беше тука за мене – вели д-р Кетрин Вокер, од океанографската институција Вудс Хол, која е родена во истата година со А23а.

Плусинфо пишуваше за научното откритие кое неодамна сугерираше дека веќе е предоцна за да го сопреме топењето на Јужниот Пол и дека ниедна зелена политика на глобално ниво нема да го врати тој процес кој може да доведе до поплавувања на одредени крајбрежни области и трајно да го повиши нивото на морето.

Заедно со веста за придвижување на најголемиот леден брег во светот, стигна и информацијата дека веќе се стопиле повеќе од половина од глечерите во Перу во Јужна Америка.

Во последните 53 години, глобалното затоплување доведе до топење на 56 отсто од површината на перуанските глечери, што резултира со формирање на нови глацијални езера, соопшти Министерството за животна средина на Перу.

„Од 1962 година, перуанските Анди изгубија 1.348 квадратни километри глацијална површина, што претставува загуба од 56 отсто“, се вели во соопштението.

ВЕЌЕ ГО ОБРАВМЕ БОСТАНОТ СО АНТАРКТИКОТ Никакви „зелени“ политики нема да го спречат топењето, вели нова студија

 

 

 

 

Поврзани содржини