СЕ ПРЕВРТЕЛ СО ТРАКТОР КАЈ ЗРНОВЦИ-МОРОДВИС Возачот починал на местото на несреќата
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кочани.
Трактор се превртел на локалниот пат од селото Зрновци кон село Мородвис, кочанско. Вчера во 13.29 часот случајот бил пријавен во СВР Штип. Оттаму информираат дека возачот, Е.А.(76), бил од Охрид, а со престој во селоото Мородвис.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кочани.