Се преврте турски автобус во Куманово, тројца повредени

Според првичните информации три лица се здобиле со полесни повреди, но одбиле лекарска помош -  велат од кумановската полиција.

452

Турски автобус полн со патници попладнево се превртел на раскрсницата на автопатот Куманово-Белград, во населбата Долно Којнаре, јави кумановоњуз.

Според очевидци автобусот се исклучил од автопатот и кога се вклучил на магистралниот пат кон Крива Паланка од непознати причини излетал од патот и се превртел.






Од СВР Куманово соопштуваат дека несреќата се случила во 17 часот, кога автобус на туристичка агенција со турски национални ознаки излетал од патот.

– Според првичните информации три лица се здобиле со полесни повреди, но одбиле лекарска помош –  велат од кумановската полиција.

На самото место е увидна полициска екипа, како и Итна помош и Противпожарната единица.

 

Поврзани содржини