📷 СЕ ПРЕВРТЕ ТАНКЕР СО 980 ТОНИ АКРИЛНА КИСЕЛИНА Опасност од еколошка катастрофа во југозападна Јапонија

Крајбрежната стража соопшти дека спасила 9 членови на екипажот на јужнокорејскиот хемиски танкер и дека сè уште трага по двајца кои се исчезнати.

741

Јужнокорејски танкер се преврте во близина на остров во југозападна Јапонија рано утрово. Крајбрежната стража соопшти дека спасила 9 членови на екипажот и дека сè уште трага по двајца кои се исчезнати.

Крајбрежната стража соопшти дека добила повик за помош од хемискиот танкер Keoyoung Sun, со информација дека се навалува додека се засолнил во близина на јапонскиот остров Мутсуре поради лошите временски услови.






Островот се наоѓа веднаш до југозападниот крај на главниот јапонски остров Хоншу, на околу 1.000 километри од Токио.

Бродот бил целосно превртен во моментот кога спасувачите пристигнале на местото на настанот, соопшти крајбрежната стража.

Снимките на телевизијата NHK го покажаа бродот целосно наопаку. Засега не е позната состојбата на спасените членови на екипажот.

Со бродот управувал јужнокорејски капетан, а во екипажот имало уште еден јужнокорејски државјанин, Кинез и осум Индонезијци, според информациите од крајбрежната стража.

Танкерот превезувал 980 тони акрилна киселина, соопштија властите. Не е откриено истекување, а надлежните проучуваат какви мерки за заштита на животната средина може да бидат потребни во случај да има истекување.

Акрилната киселина се користи во пластика и во смола и може да ја иритира кожата, очите и слузницата, според американската Агенција за заштита на животната средина.

 

Поврзани содржини