СЕ ПРЕВРТЕ ЦИСТЕРНА ЗА НАФТА НА СКОПСКА ОБИКОЛНИЦА Сообраќајот беше во прекин, возачот заврши на Клиника
Според информациите, цистерната била празна. Како што велат очевидците, возачот бил сам во камионот, кој по сообраќајната несреќа се пожалил на лесни повреди во пределот на грбот, по што со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Попладнево на скопската обиколница кон Тетово, кај скопско Визбегово, се преврте цистерна, поради тоа времено беше прекинат сообраќајот на оваа делница.
Според информациите, цистерната била празна. Како што велат очевидците, возачот бил сам во камионот, кој по сообраќајната несреќа се пожалил на лесни повреди во пределот на грбот, по што со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
– Денеска во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, кај исклучок за Визбегово, товарно моторно возило – цистерна со скопски регистарски ознаки се превртело на коловозот. Во незгодата со повреди се здобил возачот А.К.(38) од Скопје и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје – информираат од МВР.
Откако екипата на МВР направила увид на местото на несреќата, започнало отстранувањето на превртената цистерна кое со вршело со помош на кран.
Во моментов не е познато дали цистерната е целосно отстранета од двете коловозни ленти и дали сообраќајот е нормализиран, затоа што поради несреќата возилата кои се движеле по оваа делница беа пренасочувани по околните патишта.