СЕ ПРЕТСТАВИЛ КАКО ЛЕКАР ОД БУГАРИЈА, БАРАЛ ПАРИ ЗА „ЗЛАТНИ ШТРАФОВИ“ 79-годишна скопјанка му дала 216.949 денари на туѓинец

Како што е пријавено, таа ги предала парите и накитот на едно лице на договореното место, а откако се вратила дома и ја видела ќерка си, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР во полицискиот билтен.

830

Жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 216.949 денари и златен накит. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар од Република Бугарија, кој работи и во болница во Скопје, и ѝ кажал дека треба да ја оперира нејзината ќерка, која се здобила со повреди во сообраќајна несреќа и требало златни штрафови да се вградат во ногата, а за тоа требало да се плати.

„Како што е пријавено, таа ги предала парите и накитот на едно лице на договореното место, а откако се вратила дома и ја видела ќерка си, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира МВР во полицискиот билтен.






Случајот 79-годишната жена го пријавила на 18.02.2025 во 17.30 часот во СВР Скопје.

Поврзани содржини