СЕ ПРАЗНАТ ОКОЛНИТЕ ДУЌАНИ Има опасност од проширување на пожарот

Засега нема информации што го предизвикало пожарот од кој се разви густ црн чад.

2,921

Поради опасност од проширување на пожарот што избувна попладнево кај поранешната фабрика „Треска“ во моментов се празнат два дуќана кои се во близина.

Во едниот дуќан има многу мотори, а во другиот се продаваат бои и лакови. Тие се граничат со објектот што гори. Десетина противпожарни возила учествуваат во гаснењето на пожарот. Со пајак служба се креваат паркираните возила во околината.






Според првичните сознанија, црниот чад доаѓа од пластика што гори во запалениот објект.


Засега нема информации што го предизвикало пожарот од кој се разви густ црн чад.

Поврзани содржини