СЕ ПРАВАТ ЧЕКОРИ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ Сега компаниите можат полесно да дојдат до капитал
Наша цел е да создадеме современ, транспарентен и конкурентен пазар кој ќе ги следи европските стандарди, но и ќе одговара на потребите на домашната економија -рече таа.
Министерството за финансии вложува напори да создаде услови за пазарот на капитал, како еден вид мотор на економијата, да работи посилно и постабилно, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Годишната конференција на Македонска берза што се одржува во Охрид.
– Наша цел е да создадеме современ, транспарентен и конкурентен пазар кој ќе ги следи европските стандарди, но и ќе одговара на потребите на домашната економија -рече таа.
Димитриеска-Кочоска смета дека со регионална соработка ќе се обезбеди поголема дисперзија за тргување, односно ќе се зголеми и обемот и квалитетот на тргувањето. Па потсети дека во август беше потпишан Меморандумот за соработка помеѓу министерствата за финансии на Македонија, Бугарија, Хрвтска, Унгарија, Полска, Романија, Словачка и Словенија.
– Со овој чекор ја покажавме нашата решеност да не останеме изолирани, туку да бидеме дел од една поширока регионална мрежа. Со поврзувањето на пазарите им даваме шанса на компаниите полесно да дојдат до капитал, да ја зголемат конкурентноста и да најдат партнери надвор од границите на земјата. На тој начин ние не само што го јакнеме пазарот на капитал, туку и ја поттикнуваме економијата да расте побрзо и поодржливо – рече Димитриеска-Кочоска.
Министерката рече и дека паралелно се работи и на регулаторната рамка и дека се усвоени измени на два клучни закона во оваа област.
– Законот за финансиски инструменти и Законот за проспект и транспареност на издавачите, а со цел сите учесници да имаат доволно време да се подготват и предвидената реформа да се спроведе квалитетно. Сакаме системот да биде стабилен, доверлив и да работи во интерес на сите – рече Димитриеска-Кочоска.