Се повреди градежник во Неготино
Случајот бил пријавен вчера околу 11.00 часот во Полициската станица Неготино
Работникот С.М.(50) од село Криволак, при изведување на градежни работи во фирма на улица Железничка, во Неготино, паднал и се здобил со тешки телесни повреди.Тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.
Како што информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, случајот бил пријавен вчера околу 11.00 часот во Полициската станица Неготино
Бил извршен увид на местото на настанот.