Се повреди eден од најдобрите македонски фудбалери

167

 

Еден од најдобрите македонски репрезентативци Аријан Адеми се повреди на синоќешниот меч против Омонија во рамките од квалификациите за ЛШ. Мораше пред време да го напушти натпреварот, а според информациите станува збор за повреда на бутниот мускул, јави спортскиот портал Спорт М.






Кај Адеми ударот е доста болен. Настрада бутниот мускул, можеби и задната ложа. Не сакам ништо да прогнозирам, но се надевам дека сѐ ќе биде во ред, изјави тренерот на Динамо, Дамир Крзнар.

По дополнителните медицински прегледи ќе се знае за каква повреда точно се работи и колку време за рехабилитација ќе му бидат потребни на Адеми.

 

Поврзани содржини