СÈ ПОВЕЌЕ КОМПАНИИ ИНВЕСТИРААТ ВО БАТЕРИИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ СТРУЈА Компанијата ФЕРОИНВЕСТ нуди изведба ,,клуч на рака“

Компанијата ФЕРОИНВЕСТ, која нуди изведување ,,клуч на рака”, на презентација на која присуствувата 60 претставници на фирми ги запозна присутните со можностите за имплементирање на високонапонски хибридни системи за складирање енергија на веќе изградени фотонапонски електрани (на фабрички кров или на земја) и можност за градење на нови фотонапонски електрани со паралелно вградување на батериски системи од самиот почеток.

574

Сопствениците на фотоволтаици во Македонија засилено инвестираат во батерии, со цел во целост да ја искористат произведената електричната енергија, соопшти компанијата ФЕРОИНВЕСТ која одржа презентација во Стопанската комора на Македонија.

На настанот, на кој присуствуваа 60 претставници од субјекти заинтересирани да вградат батериски системи за складирање за да ја избегнат загубата на електричната енергија, а со тоа и загубата на финансии. Тоа се, пред сè, фабрики кои имаат поставено фотоволтаици на фабричките покриви, но и инвеститори кои имаат изградено фотонапонски електрани на земја.






„Презентацијата ја одржаа ФЕРОИНВЕСТ и глобалниот бренд WEIHENG, кој е глобално препознатлив по иновативни решенија за складирање енергија, за чии батериски системи ФЕРОИНВЕСТ е застапник за Македонија“, се вели во соопштението.

Компанијата ФЕРОИНВЕСТ, која нуди изведување ,,клуч на рака”, ги запозна присутните со можностите за имплементирање на високонапонски хибридни системи за складирање енергија на веќе изградени фотонапонски електрани (на фабрички кров или на земја) и можност за градење на нови фотонапонски електрани со паралелно вградување на батериски системи од самиот почеток.

Од ФЕРОИНВЕСТ порачуваат дека „берзите во моментот покажуваат неповолен пад на цената на електричната енергија во часовите на интензивно производство од фотоволтаици во текот на денот, што ќе биде уште поизразено во текот на летните месеци“.

Компанијата вели дека „единствено решение е складирање на вишокот електрична енергија и нејзино користење или продавање во часовите кога има потреба од енергија и кога побарувачката на пазарот ќе формира економски поповолна цена“.

Поврзани содржини