СÈ ПОВЕЌЕ ДЕЦА ИМААТ ДИГИТАЛЕН АУТИЗАМ Не е воопшто кул да му тутнете на детето телефон во раце
Дигиталниот аутизам или eкрaнизам може едноставно да се објасни како зависност од секаков вид екрани – мобилен телефон, телевизор, компјутер, таблет.
Дигиталниот аутизам е развојна состојба кај децата што се јавува поради зависност од екрани и се манифестира преку тешкотии во комуникацијата, повторувачки и стереотипни дејства, но за разлика од „класичниот“ аутизам, кој е трајно нарушување, со оваа форма е можно детето да се врати на уреден развоен пат.
Дигиталниот аутизам или зависноста од екранитe може едноставно да се објасни како зависност од секаков вид екрани – мобилен телефон, телевизор, компјутер, таблет – вели Ивана Билиќ, психолог од Психијатриската болница за деца и адолесценти во Загреб. Тaa додава дека нарушувањата се манифестираат до третата година од животот на детето.
Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.