📷 СЕ ПОСТАВУВА МОСТОТ НА МОМИН ПОТОК Ѓорѓиевски им посака добро утро на скопјани

Изградбата на мостот на Момин Поток, дел од инфраструктурниот проект кој со години предизвикуваше сообраќаен метеж на овој потег.

860

Градоначалникот на Скопје објави слики од поставувањето на мостот на Момин Поток, дел од инфраструктурниот проект кој со години предизвикуваше сообраќаен метеж во тој дел од градот.

Проектот предвидува изградба на два кружни тека кои треба трајно да го решат „тесното грло” низ кое поминуваат околу 25.000 возила дневно, поврзувајќи четири општини. Покрај кружните текови, предвидени се и два моста на реката Серава, потпорни ѕидови, атмосферска и фекална канализација, велосипедски и пешачки патеки.






Уште на почетокот на јануари, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информираше дека изградбата на мостот се одвива со забрзано темпо, со цел што побрзо да се надмине долгогодишниот проблем со застојот во сообраќајот.

Ѓорѓиевски на Фејсбук им посака добро утро на скопјани од Момин Поток.

 

 

Поврзани содржини