Се породила на метро станица на -15 Целзиусови степени
Жената и бебето биле во вреќа за спиење и се обидувале да се загреат, и двајцата биле пренесени во болница за набудување.
Бездомничка во Германија се породи утрово на минус 15 Целзиусови степени на метро станица, пренесуваат светските медиуми.
Тоа се случило утрово околу пет часот наутро на станица во Нинберг во Баварија, а полицијата на решетката за вентилација под метро станицата ја пронашла 20-годишната жена со новороденчето во раце.
Жената и бебето биле во вреќа за спиење и се обидувале да се загреат, и двајцата биле пренесени во болница за набудување.