СЕ ПОРОДИ ВОДИТЕЛКАТА НА „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“ Сања Кужет роди момче, еве кое име ќе му го дадат

Српската водителка Сања Кужет се породила вчера, 2 јули, во утринските часови во строга тајност во Белград, а сега се огласи и продукцијата „Гранд“.

3,243

Српската водителка Сања Кужет се породила вчера, 2 јули, во утринските часови во строга тајност во Белград, а сега се огласи и продукцијата „Гранд“.

– Со гордост и радост објавуваме дека нашата Сања Кужет вчера наутро се породи со царски рез и на свет донесе машко дете Вук Живојиновиќ. И мајката и бебето се чувствуваат одлично, им благодариме на сите за вниманието! – гласела пораката од Гранд продукција.






Извори блиски до нивното опкружување велат дека парот планира да организира прослава за раѓањето на наследникот, а ќе ги собере само најблиските роднини и пријатели, пишува „Ало“.

Да потсетиме, Сања Кужет е во брак со Немања Живојиновиќ, маркетинг директорот на автомобилска компанија кој не сака да се експонира во јавноста.

Сања и нејзиниот сегашен партнер Немања се запознале кога таа имала 21 година, а тој 23. Меѓутоа, тогаш не им било судено.

Инаку, Сања е водителката на српското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Поврзани содржини