СЕ ПОРОДИ ДЕВОЈКАТА ШТО ЈА ЗЛОСТАВУВАШЕ ДИДИ Каси Вентура го роди своето трето дете

Поранешната девојка на музичкиот магнат Шон Диди Комбс, Каси Вентура (38) стана мајка по третпат. Како што ексклузивно потврди извор за списанието „Пипл“, Кеси роди син, трето дете што го има со својот сопруг Алекс Фајн (31).

680

Поранешната девојка на музичкиот магнат Шон Диди Комбс, Касандра Каси Вентура (38) стана мајка по третпат. Како што ексклузивно потврди извор за списанието „Пипл“, Кеси роди син, трето дете што го има со својот сопруг Алекс Фајн (31).

Среќната вест доаѓа откако пејачката беше примена во породилиштето во болница во Њујорк.






Да потсетиме, кон крајот на февруари преку Инстаграм, Каси откри дека е во бремена третпат, споделувајќи серија црно-бели фотографии на кои позира со својот труднички стомак, нејзиниот сопруг Алекс и нивните ќерки, Френки (5) и Сани (3). Со едноставната порака „#3“ и емотикони на бремена жена и срце, објавата беше дочекана со бројни честитки од обожавателите и пријателите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Casandra Fine (@cassie)


На фотографиите, Каси може да се види како седи на каучот во лежерна облека, додека девојчињата во идентични фустани позираат пред неа, насмеани и среќни.

Приновата во нејзиното семејство доаѓа само неколку недели откако Каси Вентура го заврши своето емотивно четиридневно сведочење на федералното кривично судење на Шон „Диди“ Комбс. Основачот на издавачката куќа „Бед Бој Рекордс“ е обвинет за трговија со луѓе заради секс, рекетирање и организирање проституција, а Диди за сите обвиненија се изјасни за невин.

Каси беше 11 години во врска со Диди.

Во тој период, како што сведочеше, таа била принудена да учествува на таканаречените забави „Freak Off“ со машки сексуални работници. Докажувањето дека Вентура била принудена да учествува беше клучно за обидот на обвинителството да обезбеди пресуда по обвинението за трговија со луѓе.

Вентура, која беше бремена осум ипол месеци за време на нејзиното сведочење, исто така рекла дека Комбс ја злоупотребувал и вршел голем притисок и контрола врз нејзиниот личен живот. Вкрстеното испрашување на изјавата на Вентура започна на третиот ден од судењето, при што одбраната се обиде да ги прикаже забавите „Freak Off“ како доброволни.

 

 

Поврзани содржини