СЕ ПОМИРИЈА „ЕСКИМО СПОРТ“ И НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ШАР ПЛАНИНА Ратраците непречено ќе носат скијачи

Јавната установа Национален парк Шар Планина му доделила Благодарница на операторот Eskimo Sport, како признание за подготвеноста за усогласување со институционалните процедури, како и за фактот дека претставува прв оператор од ваков тип туристичка дејност.

150

Јавната установа Национален парк Шар Планина соопшти дека постигнала договор со операторот Eskimo Sport, кој врши дејност скијање со ратрак-машини, како и со субјектот Ресторан Арена, кој врши исклучиво угостителска дејност на територијата на Националниот парк.

„Операторот Eskimo Sport изрази целосна подготвеност за почитување на Планот за управување, Планот за движење на моторизирани возила, како и на останатите одлуки и акти што Националниот парк Шар Планина ги има донесено за регулирање на оваа материја“ – се вели во соопштението на НП Шар Планина.






Јавната установа Национален парк Шар Планина му доделила Благодарница на операторот Eskimo Sport, како признание за подготвеноста за усогласување со институционалните процедури, како и за фактот дека претставува прв оператор од ваков тип туристичка дејност.

„Овој чекор претставува значаен придонес кон воспоставување јасен и регулиран систем за вршење туристички дејности во Националниот парк, со што се обезбедуваат заштита на чувствителните живеалишта и биодиверзитетот, јасен режим на движење и надзор, зголемена безбедност за посетителите и вработените, како и развој на одговорен и одржлив планински туризам.

Јавната установа Национален парк Шар Планина останува цврсто посветена на соработка со сите субјекти кои одговорно постапуваат, ја почитуваат законската рамка и придонесуваат кон одржлив развој на туризмот во хармонија со природата. Преку дијалог, транспарентност и взаемна одговорност, продолжуваме да градиме модел во кој заштитата на природата и економскиот развој одат рака под рака, во интерес на јавноста и на идните генерации“ – се вели во објавата на НП Шар Планина.

Здружението Ескимо Спорт ДООЕЛ Тетово неодамна ги демантираше пласираните информации во јавноста дека наводно биле тргнати „диви ратраци на Шар Планина“ и објасни дека ратраците уште од 2005 година се дел од тимот кој превезува туристи скијачи фрирајдери. Од Здружението објаснија дека минатиот петок (16 јануари) операторот бил спречен заедно со странски гости да излезе на терен, од страна на ренџерите на НП Шар Планина. Притоа немало никакво преземање на ратраците, туку напротив, полицијата интервенирала по дојава од самиот оператор поради незаконско и присилно постапување на терен, по што ренџерите биле отстранети.

Поврзани содржини