Се полнат болниците, вкупно се лекуваат 1.193 ковид пациенти
Во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 71 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 514 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 679 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупно 514 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информира Министерството за здравство.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 71 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 57 болен, а во Куманово 94 пациенти позитивни и суспектни на ковид- 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 103, во ковид центарот во Гостивар 26, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 41 пациенти, во Кочани 8 во Кичево 8, Кавадарци 74, а во Гевгелија 16 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.193 и има околу 290 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 71 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 514 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центратот на ТОАРИЛУЦ, на Клиниката за Трауматологија.
Во последното деноноќие, на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ имало 24 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 26 примени пациенти и 15 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 6 нови пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ се лекуваат 230 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 107 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 129 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На ГАК има 8 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
Вкупно 514 пациенти потврдени и сомнителени за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 40 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.