Се пофалија со саниран мост во Битола, социјалните мрежи зовреа: „Во киндер јајце да не ви се падна?“
КЈП Нискоградба од Битола на социјалните мрежи се пофали дека по барање на жителите на населбата Буковски Ливади, санирале мост кој се поврзувал со Хераклеа.
Потоа објавија слики како изгледал мостот пред, а како изгледа по санацијата.
„На барање на жители од Буковски Ливади за санација на мостот кој ги поврзува Хераклеа и населба Буковски Ливади, излеговме во пресрет и го саниравме. Остануваме во служба на граѓаните. Слики пред и потоа.“, напишаа од КЈП Нискоградба – Битола на Фејсбук.
Оваа нивна објава предизвика бура реакции од граѓани на социјалните мрежи.
Ви пренесуваме дел од нив:
„Во Неолитот вакви мостови немало, браво!“
„И ние во Прилеп ви завидуваме за мостов“
„Во киндер јајце да не ви се падна“
„Па личи ли бре вакво грандиозно дело да биде пуштено без чичеци“
„Какви фотки ќе се прават на мостов…“
„Клајте една жица на оградата, заљубените катанчиња да клават“
„Ако ви останала некоја штица, земете една бесилка направете“