СЕ ПОДГОТВУВА ЗА СМРТТА Шенон Доерти го продава имотот

3,342

Американската актерка Шенон Доерти Во својот подкаст „Да бидеме јасни“ откри дека се подготвува за смртта. Актерката која стана поуларна од серијата „Беверли хилс“ има рак во четврти стадиум емотивно сподели дека не сака да ѝ отежнува на својата мајка која и така е очајна поради нејзината болест, затоа одлучила да продаде најголем дел од својот имот пред смртта.

„Знам дека на мајка ми ќе ѝ биде тешко ако умрам пред неа. Затоа сакам другите работи да ѝ бидат многу полесни. Не сакам да има еден куп работи со кои треба да се занимава. Не сакам таа да има четири гаражи полни со мебел“, започнала таа.






Болната актерка најави дека почнала да ги подарува и продава своите работи кои со години ги собирала.

Таа неодамна била на имотот во Тенеси, а откри дека процесот на пакување ѝ бил многу тежок. Нејзина желба била на овој имот да донесе коњи кои биле напуштени од нивните сопственици.

„Се пакував и почнав да плачам. Се чувствував како да се откажувам од мојот сон. Дали тоа значи дека се откажувам од животот?…Мајка ми ми рече дека не морам да го правам ова, а јас реков – ‘морам’“, изјавила таа.

Поврзани содржини