СЕ ПОДГОТВУВА ЛИ ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА ПРОТИВ МЕКСИКАНСКИТЕ НАРКОКАРТЕЛИ? Засилена дипломатска активност меѓу САД и Мексико

Американскиот државен секретар Марко Рубио телефонски разговараше со мексиканскиот министер за надворешни работи Хуан Рамон де ла Фуенте, со цел да се зајакне соработката меѓу САД и Мексико во борбата против наркокартелите.

183

Разговорот се случи по заканите на претседателот Доналд Трамп за можни копнени напади врз криминалните мрежи во Мексико.

– Државниот секретар Рубио разговараше со министерот Де ла Фуенте за потребата од посилна соработка за разбивање на насилните наркотерористички мрежи во Мексико и запирање на трговијата со фентанил и оружје – соопшти портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот.

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум во петокот му наложи на шефот на дипломатијата да ја интензивира координацијата со Вашингтон.

Тензиите во регионот се на високо ниво по минатонеделната американска воена акција во Венецуела, во која беше заробен претседателот Николас Мадуро, што дополнително ги подгреа стравувањата од слични интервенции на мексиканска територија.

Поврзани содржини