СЕ ПОДГОТВУВА ЛИ НОВА ВОЈНА? Авионите се вооружени со „паметни“ бомби

Како што се тврди во објавената анализа на весникот, Израел им го зголемил дометот на авионите Ф-35, кои имаат значително помал радарски одраз и тоа ќе им овозможи да делуваат зад непријателските линии, без притоа да бидат откриени од противвоздушната одбрана на Иран.

3,306

Воздушните сили на Израел драматично ја зголемиле способноста на своите најмодерни авиони, кои се подготвени за напад на Иран, пишува „Џерусалим пост“.

Како што се тврди во објавената анализа на весникот, Израел им го зголемил дометот на авионите Ф-35, кои имаат значително помал радарски одраз и тоа ќе им овозможи да делуваат зад непријателските линии, без притоа да бидат откриени од противвоздушната одбрана на Иран.






Овие авиони имаат можност да ги нападнат и уништат посакуваните цели, без притоа доплнително да се долеваат со гориво. Во анализата се тврди и дека израелската војска го подигнува нивотот на борбена готовност, со цел да ги уништи иранските постројки од нуклеарната програма.

– Дека тоа е навистина така, ни говори и фактот дека Израел во своите Ф-35 авиони, од неодамна ги интегрираше новите „паметни“ бомби, кои се носат во трупот во навионот со што не се нарушува „стелт“ технологијата“ , се вели во анализата.

Пред неколку дена израелските медиуми објавија дека иранските власти веќе располагаат со доволни количества на „тешка вода“, доволна за конструкција на барем четири нуклеарни бомби.

Поврзани содржини