Полусестрата на Меган Маркл, Саманта (56) конечно ќе ги објави своите долго најавувани мемоари за војвотката од Сасекс.
Се шпекулира Меган последен пат ја видела својата полусестра, која живеела на Флорида, во 2008 година.
Бомбастична книга наречена „Дневникот на тажна сестра принцеза – Дел 1“ ќе биде објавена во САД следниот петок.
Саманта за првпат ги откри своите литературни амбиции уште во април 2016 година, кога се појави романса на Меган со принцот Хари. Саманта ветува дека ќе открие „скриени вистини за своето семејство“ во том од 330 страници, додека кралската бајка се распаѓа.
Меган (39), која сега живее во нејзината вила во Санта Барбара, вредна 14 милиони долари со принцот Хари (36) и нејзиниот едногодишен син Арчи, веќе некое време е отуѓена од Саманта, па дури и претходно ги опиша своите тврдења како „апсурдни“.
— pensador (@sakriosamime) January 3, 2021