Започнуваме подготовки за четврта трансплатација на срце. Тимот спремен и мотивиран како и секогаш, соопшти предмалку министерот за здравство Венко Филипче, објавувајќи фотографија од делот од тимот кој ќе учествува во повеќечасовната операција.
Првата трансплантација беше извршена во мај минатата година.