СЕ ПОЧНАЛО СО КАВГА МЕЃУ РОДИТЕЛИТЕ Тинјџерка убиена, четворица ранети во пукање на средношколски натпревар во хокеј

Според описот на сведоците, откако се слушнале истрели во арената Денис Линч, децата и родителите трчале да спасат жива глава, при што дошло до голема турканица.

388

Едно младо девојче е убиено, а најмалку четворица се ранети од огнено оружје за време на хокејашки натпревар меѓу две средни училишта на лизгалиште во гратчето Потакет на Роуд Ајланд, во САД, јавија американските медиуми.

Канцеларијата на градоначалникот на Потакет соопшти дека и напаѓачот е ликвидиран, а полицијата не трага по други осомничени за нападот.






Како што пренесуваат локалните медиуми, до пукањето дошло по кавга меѓу родителите на децата кои учествувале во натпреварот. Според описот на сведоците, откако се слушнале истрели во арената Денис Линч, децата и родителите трчале да спасат жива глава, при што дошло до голема турканица.

Поврзани содржини