Се појави видео од уништувањето на таблите пред спомениците во Скопје и Битола (ВИДЕО)
На социјалната мрежа Твитер се појави видео од самото уништување на таблите, на кои сега стои само симболот „МК“.
Откако на спомениците на Александар Велики и Филип Втори им беше поставена табла на која пишува дека личностите се дел од античката хеленска историја, такви исти табли добија и уште седум други споменици во Скопје и во Битола.
Но, утринава сите беа уништени и исчкртани со црн спреј, со цел да не се гледа ништо од напишаното.
На социјалната мрежа Твитер се појави видео од самото уништување на таблите, на кои сега стои само симболот „МК“.
Инаку, објаснувањето на металните плочи пред спомениците во Скопје и Битола е дел од обврската преземан со Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција.
Жива е Македонија✊ pic.twitter.com/0Tm3BJVs61
— Опалим те голим (@Zaevistan) October 6, 2020