СЕ ПОЈАВИ СНИМКИ ОД НАПАДОТ ВО БЕЛГОРОД На видеото се гледаат два хеликоптери кои си заминуваат (ВИДЕО)

Белгород се наоѓа на околу 30 километри од украинската граница, а на 60 километри од украинскиот град Харков, кој е бомбардиран од руските трупи уште од почетокот на војната.

2,267

Се појавија нови снимки кои наводно покажуваат напад на складиштето со нафта во рускиот град Белгород, а за кој се вели дека е дело на украинските воени сили.

Како што може да се види на видеото се гледаат хеликоптери, а според описот станува збор за два хеликоптери М-24 кои според информациите им припаѓаат на војската на Украина.






Регионалниот гувернер на рускиот град Белгород, Вјачеслав Гладков тврди дека со украински воени хеликоптери е извршен напад врз складиште за нафта во градот. Тој на Телеграм објави дека пожарот, што избил утрово, е предизвикан од воздушни напади од два украински хеликоптера.

Белгород се наоѓа на околу 30 километри од украинската граница, а на 60 километри од украинскиот град Харков, кој е бомбардиран од руските трупи уште од почетокот на војната.

 

Поврзани содржини