СЕ ПОЈАВИ СНИМКАТА ОД СУДАРОТ ВО ЦРНОТО МОРЕ Сухојот му го оштетил пропелерот на дронот(ВИДЕО)
Видеото од дронот потоа прекинува бидејќи рускиот борбен авион се судри со дронот и го оштети неговиот пропелер, принудувајќи ги луѓето што го пилотираа да го соборат во Црното Море.
По вчерашните реконструкции за тоа како би изгледал сударот меѓу американскиот дрон и рускиот Сухој над Црното море, Европската команда на американската војска конечно го објави видеото од настанот. Пентагон вели дека целиот метеж траел 30 до 40 минути.
На видеото се гледа како камерата на дронот MQ-9 Reaper е насочена назад кон опашката, а видлив е и пропелерот на дронот.
Потоа се гледа како се приближува руски борбен авион Сухој Су-27. Како што се приближува рускиот ловец, може да се види како почнува да испушта гориво додека го пресретнува американскиот дрон. Во вториот дел од снимката, рускиот млазен авион повторно поминува и повторно испушта гориво додека се приближува до дронот.
Видеото од дронот потоа прекинува бидејќи рускиот борбен авион се судри со дронот и го оштети неговиот пропелер, принудувајќи ги луѓето што го пилотираа да го соборат во Црното Море. Русија негираше дека дошло до судир, пренесува Јутарњи лист.
Кога камерата повторно почна да ја прикажува снимката, пропелерот може да се види оштетен од сударот.
Операторите успешно управувале со леталото со оштетениот пропелер како со едрилица и го собориле во меѓународни води, југозападно од Крим.
СУХОИТЕ 19 ПАТИ СИ ПОИГРАЛЕ ПОД ДРОНОТ? Видео-реконструкција фрла ново светло врз вчерашниот судар