🎥 СЕ ПОЈАВИ СНИМКА ОД САБОТНАТА ЕВАКУАЦИЈА ВО „ИСТ ГЕЈТ“ Еве како гореше автомобилот во подземната гаража
На видеото се гледа и запаленото возило во подземните простории, за кое вработените експресно преземаат мерки за гаснење на пожарот. Како и зошто се запалило возилото, засега не се знае, објави 4News.
Нова снимка од трговскиот центар „Ист гејт“ покажува што точно се случувало во објектот во саботата, но и како течела евакуацијата на вработените и на потрошувачите.
На видеото се гледа и запаленото возило во подземните простории, за кое вработените експресно преземаат мерки за гаснење на пожарот. Како и зошто се запалило возилото, засега не се знае, објави 4News.
Од МВР веќе посочија дека запаленото возило е „рено лагуна“.
„Денеска во 13.42 часот пријавено е дека во ТЦ Ист Гејт Мол се вклучиле противпожарните аларми при што веднаш од страна на обезбедувањето е реагирано и е утврдено дека станува збор за запалено возило ‘рено лагуна’ во подземниот паркинг. Пожарот е изгаснат од страна на обезбедувањето“, соопштија од МВР во саботата.
View this post on Instagram