СЕ ПОЈАВИ ШОКАНТНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ТОМ КРУЗ Еве што е заедничко за сите три поранешни сопруги на актерот

Откако веста дека актерот Том Круз и Ана де Армас ја завршиле својата деветмесечна врска се појави во светските медиуми, на социјалните мрежи почнаа да се шират информации што изненадија многумина, а некои ги сметаат за доста необични.

870

Славниот Том Круз беше во брак три пати. Првпат го кажа своето судбоносно „да“ со актерката Мими Роџерс во 1987 година, а официјално се разведоа на почетокот на 1990 година. Во декември истата година, се ожени со актерката Никол Кидман, со која беше во брак до 2001 година. Неговата последна сопруга беше актерката Кејти Холмс, со која се ожени во 2006 година, а бракот заврши во 2012 година. Оттогаш не се преженил.

Откако о медиумите се појави веста дека Том Круз и Ана де Армас ја завршиле својата деветмесечна врска, на социјалните мрежи почнаа да се шират информации што изненадија многумина, а некои ги сметаат за доста необични.






Она што сега го забележаа следбениците на социјалните мрежи е дека сите три сопруги на Круз имале 33 години во времето на нивниот развод од Том. Ова предизвика бројни шпекулации и теории меѓу обожавателите, при што некои веруваат дека Том Круз ги напушта своите партнерки кога ќе наполнат 33 години.

Актерот е добро познат застапник на саентологијата, а основачот на ова движење, американскиот писател Л. Рон Хабард, објасни дека бројот 33 во саентологијата има посебно значење бидејќи симболизира „желба за просветлување на другите и водење кон нивната судбина“. Некои обожаватели шпекулираат дека ова би можело да игра улога во одлуките на Круз во неговиот љубовен живот, иако Том никогаш јавно не коментирал за оваа теорија.

Актерката Ана, со која Том неодамна ја заврши врската, не спаѓа под ова „правило на 33“, бидејќи го прослави својот 37-ми роденден во април. Сепак, многумина сè уште веруваат дека целата приказна е фасцинантна случајност.

Поврзани содржини