СЕ ПОЈАВИ МИЦКОСКИ ОТКАКО ДАНЕЛА ГО ПРОЗВА Арсовска да објасни што е „шпицен градоначалник“
Во однос на поддршката за градоначалничката, Мицкоски верувал дека капацитетот на луѓето надвор од политичките партии, може да биде додадена вредност.
Арсовска треба да објасни што значи „шпицен градоначалник“. Нејзе треба да ја прашате. Тврдо е да се каже дека објавена е војна. На нејзината маса се наоѓа програмата за модерно Скопје. Се што ќе се најде на седница на Советот, сите проекти и политики ќе ги поддржиме. Се што е надвор од тој концепт, жестоко ќе го критикуваме. Јас можам да ја поддржам само да работи во интерес на граѓаните на Скопје, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски после жестоката реторика од страна на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.
Во однос на поддршката за градоначалничката, Мицкоски верувал дека капацитетот на луѓето надвор од политичките партии, може да биде додадена вредност.
– Војна е претежок збор. Ќе ја потсетиме за заборавените проекти. Непријатно е јас да кажувам зошто така ме нападна. Ќе ја повикате во студио и ќе ја прашате. Мислам ВМРО-ДПМНЕ има неколку искусни советници и таа дебата може да биде повеќе плодна, имаме и претседавач. Јас сакам да кажам за да имате подобра дебата, да повикате некој од советниците и претседателот на Советот – кажа Мицкоски во емисијата „Клик плус“.
Според него, одлуката за да се поддржи Арсовска на локалните избори била едногласна во ВМРО-ДПМНЕ и се донела со консензус на Централниот комитет на партијата.
Мицкоски истакна дека не бил информиран за смена на директорот на Водовод, Златко Перински, кој според него го кренал претпријатието на повисоко ниво.
– Има зголемена наплата, зголемена добивка во споредба со неговиот претходник. Истовремено знам дека предлагаше неколку проекти, во делот на енергетската ефикасност за да бидат намалени расходите за електрична енергија уште пролетта 2022 година бидејќи антиципираше можни ризици на пазарот – вели Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во политиката имало само интереси, а кога истите нема да се исполнат започнувале омаловажувањата и додава дека веќе е навикнат.
– Јас 4 и пол години сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ и едноставно освен навреди и омаловажувања, овие 4 и пол години, многу малку друго сум слушнал за себе. Ако се има предвид состојбата во која сум ја затекнал политичката партија која што ја предводам и состојбата во која денеска се наоѓа, таа политичка партија оди нагоре. Едноставно во политиката нема бајки, и во политиката нема принцови и принцези, има интереси… И доколку луѓето тие интереси не ги задоволат на ваков или на таков начин тогаш ве омаловажуваат, ве навредуваат, ве напаѓаат – вели Мицкоски.