СЕ ПОЈАВИ ЛАЖНА ВЕСТ ДЕКА КАЛИОПИ ПОЧИНАЛА Пејачката го пријави случајот во полиција
„Зарем не сте свесни дека можеби мајка ми, сестра ми, брат ми би можеле да го прочитаат овој текст?“, реагираше Калиопи.
Пејачката Калиопи Букле е во шок, откако се појавија фотографии на кои таа наводно лежи во болнички кревет со текст дека се бори за живот.
Секако, се работи за фотомонтажа која предизвика огромен гнев кај пејачката.
Таа веднаш покренала постапка против непознато лице, кое го објавило сето ова, а сега се огласи:
„Секогаш тврдев дека нема добри и лоши луѓе, има луѓе и нелуѓе. За сторителите на овој нехуман чин е поведена пријава и постапка што ја водат надлежните органи. Во минатото имаше разни злоупотреби на моето име, но овој морбидитет ги надмина сите досегашни манипулации. Зарем не сте свесни дека можеби мајка ми, сестра ми, брат ми би можеле да го прочитаат овој текст и директно да ги загрозат нивните животи. Апелирам до Одделот за високотехнолошки криминал и до Министерството за внатрешни работи да преземат итни мерки за спречување и заштита од вакви злоупотреби“, напиша Калиопи.