Се појави исчезнатиот лекар на Навални, сам излегол од шумата
Голема потрага беше покрената во шумите во регионот Омск, 2.200 километри источно од Москва, откако Александер Мураховски напуштил ловна база со своето теренско возило во петокот.
Откако руските медиуми објавија дека исчезнал лекарот на опозиционерот Алексеј Навални, денеска тој се појавил жив и здрав, јави државната новинска агенција РИА.
Голема потрага беше покрената во шумите во регионот Омск, 2.200 километри источно од Москва, откако Александер Мураховски напуштил ловна база со своето теренско возило во петокот. Тој сам излегол од шумата, при што стапил во контакт со жителите на селото Басли, објави РИА.
Мураховски раководеше со болницата во Омск во која Навални беше донесен откако му се слоши во авион минатиот август. Тој тогаш кажа дека Навални не е отруен, туку се разболел од нарушување на метаболизмот.