📽️ СЕ ПОЈАВИ ЕМОТИВНА СНИМКА ОД ЗБОГУВАЊЕТО ОД ОЗИ ОЗБОРН Овој детаљ го трогна целиот свет

Родниот Бирмингем се збогуваше со рок-легендата Ози Озборн на трогателна церемонија на која присуствуваа илјадници обожаватели и мноштво светски музички ѕвезди, меѓу кои Елтон Џон, Дрејк, Џејмс Хетфилд и Јангблад.

758

Родниот Бирмингем се збогуваше со рок-легендата Ози Озборн на трогателна церемонија на која присуствуваа илјадници обожаватели и мноштво светски музички ѕвезди, меѓу кои Елтон Џон, Дрејк, Џејмс Хетфилд и Јангблад.

Озборн, легендарниот фронтмен на „Блек сабат“, почина на 22 јули, а неговиот погреб се одржа денеска со големо внимание од медиумите и обожавателите.






Погребната поворка помина низ градот со музичка придружба – уметниците ја свиреа култната песна „Iron Man“, а видеото од овој емотивен момент брзо стана вирално на платформата Икс (порано Твитер), со коментар:

– Погребната поворка на Ози Озборн низ Бирмингем ја предводат музичари кои ја свират „Iron Man“… неверојатно.

 


Градоначалникот Зафар Икбал лично присуствуваше на церемонијата и нагласи колку многу Осборн значеше за својот град:

– Ози беше повеќе од музичка легенда – тој беше син на Бирмингем. За градот беше важно да поддржиме достоинствено и соодветно збогување пред приватен семеен погреб. Знаеме колку овој момент ќе значи за неговите обожаватели.

Покрај членовите на бендот „Блек сабат“, Тони Ајоми, Гизер Батлер и Бил Ворд, на збогувањето присуствуваа бројни познати личности од светот на музиката кои сакаа да му оддадат почит на човекот кој остави неизбришлив белег на светската рок сцена.

Поврзани содржини