Се појави 30 години стара фотографија од Моника Белучи (ФОТО)

Актерката со италијанско потекло е родена 1964 година, својата кариера ја започна како модел, глумеше во италијански филмови, а наскоро кариерата ја продолжи во Холивуд.

1,231

На профилот „ History.jpg “ на „Instagram“, кој објавува фотографии од минатото, се појави фотографија од актерката Моника Белучи.

На 30 години старата фотографија, Моника Белучи изгледа прекрасно во црвен фустан и сите погледи се свртени кон неа. Убавата актерка сепак и денеска изгледа скоро исто како тогаш.






Коментарите на нејзините обожаватели се разновидни, сите велат дека е убава, а многумина велат дека воопшто не се сменила.

Актерката со италијанско потекло е родена 1964 година, својата кариера ја започна како модел, глумеше во италијански филмови, а наскоро кариерата ја продолжи во Холивуд.

Таа глумела во неколку филмови кои доживеале планетарен успех, како што се „Малена“, „Страдањето на Исус“, „Пактот со волците“, а во филмот „Спектар“ во 2015 година, таа беше најстарата девојка на попуалрниот агент, Џејмс Бонд.

Таа се омажи двапати. Нејзиниот прв брак со италијански фотограф траеше само неколку месеци, додека има две ќерки со француски актер со кој беше во брак до 2013 година.

 

Поврзани содржини