Се плашат ли од инвеститорот? Никој не сака да ја руши дивоградбата пред „Мавровка“
Од општината велат дека на огласот не се јавила ниту една фирма и најавуваат дека веднаш ќе биде отворен нов јавен повик, со истите критериуми.
Тендерот на општина Чаир за избор на фирма која ќе ги урива дивоградбите во општината пропадна, а со тоа пропадна и обидот на општината за ја руши дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“.
Од општината велат дека на огласот не се јавила ниту една фирма и најавуваат дека веднаш ќе биде отворен нов јавен повик, со истите критериуми.
Тоа ќе значи и одлагање на постапката за рушење на дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“ иако градоначалникот Висар Ганиу најави дека доколку по дадениот рок непознатиот инвеститор сам не го сруши објектот, неговото уривање ќе го направи општината.