СЕ ОЖЕНИ ПОЗНАТИОТ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕР Чурлинов скокна во грчко тавче

Вљубената двојка се вери во декември минатата година, кога Филипа го прифати прстенот и му кажа „да“ на македонскиот фудбалер.

465

Еден од најталентираните македонски фудбалери, Дарко Чурлинов, кој уште на 16-годишна возраст дебитираше за А-селекцијата и стана најмладиот репрезентативец во историјата, стапи во брак.

Фудбалерот кој во моментов настапува за англискиот премиерлигаш Барнли ја официјализира својата долгодишна врска со Гркинката Филипа Ксанта. Двајцата решија да го крунисаат својот однос со гламурозна свадба во Грција, на која присуствуваа бројни пријатели и роднини од двете земји.






Вљубената двојка се вери во декември минатата година, кога Филипа го прифати прстенот и му кажа „да“ на македонскиот фудбалер.

Чурлинов, кој на 25 години „скокна во тапче“, нема да има многу време за меден месец. Веќе го очекуваат репрезентативните обврски во квалификациите за Светското првенство 2026, каде Македонија ќе се соочи со Саудиска Арабија и со Лихтенштајн.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Darko Churlinov🃏 (@churlinov7)

Поврзани содржини