Се отвори земјата во Наполи и проголта неколку возила (ФОТО+ВИДЕО)

Сè уште нема податоци за повредени или загинати. Полицијата и пожарникарите се на терен и е отворена е истрага. Со кучиња се трага дали има заробени граѓани во паднатите автомобили.

1,100

Голема дупка се отвори во близина на болницата Понтичели во Наполи, Италија, придружена од силна бучава и голтајќи неколку возила кои биле на паркингот, утрово во 6.30 часот.

Провалијата е длабока околу 12 метри, а има две илјади квадратни метри, според весникот „Република“. Прво се мислело дека станува збор за експлозија, шестмина пациенти биле евакуирани од ковид-центарот во болницата.

Сè уште нема податоци за повредени или загинати. Полицијата и пожарникарите се на терен и е отворена е истрага. Со кучиња се трага дали има заробени граѓани во паднатите автомобили.

 

 

Поврзани содржини