Се отвораат театрите, кината, операта и балетот
Со оваа владина одлука се опфатени и другите манифестации со филмски проекции, мултимедиумските проекти, фестивалите и други манифестации од дејноста на културата.
Театрите, кината, операта и балетот ќе работат според Протоколот за организирање настани, одлучи денеска владата..
„На предлог на Комисијата за заразни болести денеска Владата ги усвои и Протоколот за работа на природните лекувалишта за услови на здравствена криза, како и Протоколот за работа на едукативните центри, музички училишта и центри/училишта за странски јазици во услови на појава на болеста“, соопштија од владината прес-служба.
Со оваа одлука се опфатени и другите манифестации со филмски проекции, мултимедиумските проекти, фестивалите и други манифестации од дејноста на културата.