Се отвора патот за нови финансиски инструменти на пазарот

Банките ќе можат да вложуваат во нови инструменти на странските пазари.

348

Советот на Народната банка донесе нова Одлука за методологијата за управување со ликвидносниот ризик, со која  се пропишуваат различни видови финансиски инструменти коишто банките ќе можат да ги користат за добивање ликвидност.

– Оттука, се очекува по отпочнувањето на примената на оваа Одлука да се зголеми мотивираноста за појава на нови инструменти на домашниот пазар или евентуално за вложување на домашните банки во нови инструменти на странските пазари – велат од НБ..






Приспособувањето  на системите на банките кон новите барања, односно одлуката ќе се применува од почетокот на следната година.

Со примената на Одлуката и воведувањето на стапката на покриеност со ликвидност, ќе престане обврската за банките за утврдување и одржување на постојните стапки на ликвидност до 30 и 180 дена.

Со Одлука за методологијата за управување со ликвидносниот ризик, додаваат од НБ, се прави понатамошно усогласување на домашната регулатива со базелските стандарди (Базел III) и пред сѐ со одредбите на Регулативата на Европската Унија бр. 575/2013, како и со нејзините придружни акти, коишто се однесуваат на базелскиот ликвидносен стандард – стапка на покриеност со ликвидност (Liquidity Coverage Ratio – LCR).

Поврзани содржини