СЕ ОТВОРА НОВА ДМ ДРОГЕРИЈА Новата локација е во Symbol Retail Park во Струмица
На 14 август 2025 година, со почеток од 10 часот, dm ги отвора вратите на својата нова дрогерија во Symbol Retail Park во Струмица.
Во новата дрогерија, покрај секогаш поволните цени, купувачите ќе може да уживаат и во попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ кој ќе трае од 14 па сѐ до 17 август!
Покрај ова, на денот на отворањето, купувачите ќе може да уживаат и во дополнителни изненадувања:
подарок dmBio алпско млеко, со секоја сметка над 499 денари
подарок dm торба за пазарување, со секоја сметка над 699 денари
подарок dm пешкир за на плажа, со секоја сметка над 1 999 денари
Летокот за отворање може да го разгледате тука.
На денот на отворањето купувачите на dm ќе бидат пречекани и во супер весела атмосфера со DJ!
Општествената одговорност на dm како компанија ни овој пат нема да биде изоставена.
Дел од остварениот промет на денот на отворањето ќе биде дониран во хуманитарни цели во ЈОУДГ „Детска радост“ – Струмица.
Дрогериите на dm со својот асортиман на повеќе од 14.000 производи за нега и убавина, производи за нега на мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, како производи за хигиена во домот и нега на алишта се вистинскиот избор за пазарување сѐ на едно место.
Повеќе од 3.000 производи се од нивните сопствени трговски марки кои имаат германски квалитет и секогаш поволни цени.
Добропознатите dm марки Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit и сите други, гарантираат идентичен квалитет во сите 14 земји во кои компанијата работи, додека dmBio е бренд со најширока понуда на органска храна во нашата земја.