СЕ ОТСТРАНУВААТ СУВИТЕ ДРВЈА Акција во Градски парк

118

Екипи од Секторот дрвореди деновиве вршат акција на отстранување и кастрење на сувите дрвја и гранки во вториот дел на Градски парк.

Дрвјата кои се отстрануваат се целосно суви и постои опасност да паднат и да предизвикаат материјална или друга штета, а оние што се за кастрење имаат суви гранки што се опасност за посетителите на паркот.






Освен што овие дрвја се суви и со надмината физиолошка зрелост, тие претставуваат опасност за ширење на габи и инсекти коишто можат да се пренесат на околната вегетација.
Акцијата ќе продолжи и во текот на наредната недела.
Поврзани содржини