🎥 СЕ ОТКОРНУВААТ ДРВЈА, ПАЃААТ СЕМАФОРИ, ЛЕТААТ ПОКРИВИ… Невремето направи хаос во Загреб

Пожарникарите беа преплавени со стотици повици од граѓани. Во многу делови од градот водата навлезе во станбени згради.

27

Силното невреме што во текот на ноќта и утрото го зафати Загреб предизвика голем хаос низ хрватската престолнина. Ветровите со брзина до 120 километри на час соборија дрвја, однесоа делови од покриви, урнаа семафори и сериозно го нарушија сообраќајот во градот.

Пожарникарите беа преплавени со стотици повици од граѓани. Во многу делови од градот водата навлезе во станбени згради, а штети се регистрирани и на некои од препознатливите објекти. Еден од симболите на градот, кошаркарскиот центар „Дражен Петровиќ“, претрпе значителни оштетувања – силниот ветер го откорна дел од покривот.






Сообраќајот во Загреб е сериозно нарушен. Трамвајскиот и железничкиот сообраќај се прекинати или значително ограничени поради паднати дрвја и гранки на пругите. На некои раскрсници сообраќајот е практично запрен, а полицијата рачно го регулира движењето. Делови од автопатите А1 и А6 се затворени поради силен ветер и зимски услови.

Во повисоките делови на Загреб и околината, особено на Сљеме, ситуацијата доби речиси зимски карактер, фати вистинска снежна бура, а некои жители останаа без електрична енергија и греење.

 

 

Поврзани содржини