СЕ ОТКАЖУВА ПРОТЕСТОТ ПРЕД УКИМ Независниот студентски сојуз разочаран од манипулациите
Огромна група на студенти е жртва на обид за манипулација и тоа не сакаме да го дозволиме, информираше НСС преку соопштение.
Независниот студентски сојуз (НСС) е огорчен и разочаран од политички влијанија и мешање во искрените и чесни намери на студентите, па затоа и го одложува утрешниот собир пред платото на УКИМ, се вели во соопштението на НСС.
„Денес сведочиме за видео материјал со кој се потврдува политичката вмешаност. Огромна група на студенти е жртва на обид за манипулација и тоа не сакаме да го дозволиме. Поради тоа нашиот собир закажан за утре во 13:00 часот пред платото на УКИМ се откажува, додека целосно не ги дистанцираме обидите за политичко влијание. За дополнителни чекори ќе ве известиме во наредниот период. Повторно апелираме партиите да стојат на страна од искрените и чесни намери на студентите за нивно организирање“, се вели во соопштението.
ОБНОВЕНО:
До Редакцијата стаса мејл од НСС дека протестот пред УКИМ не е откажан.