Се откажале од сопствените деца: Пејачот не сака да го види синот бездомник, а актерот се одрекол од ќерката поради порно скандал

5,961

Славниот актер Ентони Хопкинс ја шокираше јавноста кога објави дека 20 години не разговара со својата ќерка Абигејл и дека не ни знае дали има внуци, но дека не му е ни гајле за тоа.

Легендарниот актер не е единствената личност од светот на шоу бизнисот која има семејни проблеми. Од своите деца се откажале и пејачот Том Џонс и актерот Лоренс Фишбрн, но шокантни се и обрнатите случаи каде децата ги тужеле своите родители.






Пејачот Том Џонс го добил синот Џонатан Беркери кој денес има 31 година, во кратката романса со манекенката Кетрин Беркери, а иако со ДНК анализата било потврдено дека тој е неговиот биолошки татко, момчето никогаш не го запознал Џонс, бидејќи пејачот едноставно никогаш не го сакал тоа. Наместо во богатство, синот на Том Џонс живее како бездомник.

Инаку, кога Том Џонс и мајката на неговиот син се запознале, тој имал 47 години, а таа 24 и после една страсна ноќ музичарот никогаш не ѝ се јавил.

– Не ги барам неговите пари, само сакам да се запознаеме – изјавило несреќното момче.

И познатиот Моргеус од „Матрикс“, актерот Лоренс Фишбурн, се откажал од својата ќерка, бидејќи во 2010 година снимила порно филм под името Чипи Ди. Монтана Фишбурн, по угледот на старлетата Ким Кардашијан, снимила секс видео, очекувајќи дека и таа преку ноќ ќе стане славна. Меѓутоа, не се прославила ниту заработила од секс видеото поради малата гледаност. Монтана заработила само 60.000 долари.

 

FOTO: Tviter

Поврзани содржини