СЕ ОТЦЕПИ ДЕЛ ОД ЛИПА НА ЛЕНИНОВА Настрадаа две возила
Се претпоставува дека причината за паѓањето на дрвото е дождот што интензивно врнеше деновиве, а особено денеска.
Две возила се оштетени на улица Ленинова (Аминта Трети) во Скопје, откако врз нив падна половина дрво – липа. Двете возила се оштетени, но за среќа нема повредени. Паднато дрво оштети и кабли од околните бандери.
Се претпоставува дека причината за паѓањето на дрвото е дождот што интензивно врнеше деновиве, а особено денеска.